Младите кошаркари поразени од Шведска на ЕП во Тбилиси

1 min read

Mашката кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години, загуби од Шведска со 92:90 на младинското Европско првенство Б-дивизија што се одржува во Тбилиси, Грузија.

Избраниците на селекторот Василев лоши го започнаа натпреварот и по десет минути игра имаа негатива од 14 поени (15:29).

Втората четвртина помина во обидите на младите македонски кошаркари да ја намалат негативата, успеаја со серија 14:5 да се вратат во игра, но на одмор се замина со предност на Шведска од 35:43.

Второто полувреме помина во обиди на избраниците на Василев да се вратат во игра, но Шведска знаеше како да се одбрани од сите налети. Во 27 минута беше 53:56, но Шведска направи серија со која се одлепи на плус девет по три четвртини 58:67. Швеѓаните поведоа и со плус 14 (62:76) и предноста ја зачуваа до крајот на средбата.

Амар Хот со 22 поени и 10 скокови беше најдобар кај Македонија каде се истакнаа уште и Миловановиќ со 19 поен и Савиќевиќ со 16 поени.

Следен предизвик за кошаркарите е утрешниот дуел (12.30 ч) против Косово.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се појави антракс во Хрватска, досега угинале над сто говеда

Следно

„Еден ден кога ќе станам крал…“: Ветувањето на принцот Вилијам кон својата мајка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian