Мицов: Имав понуди да играм за Македонија и Црна Гора, но…

1 min read

Српскиот кошаркар Владимир Мицов кој пред неколку дена реши да стави крај на кариерата, открива дека имал понуди да игра за репрезентациите на Македонија и на Црна Гора.

Мицов во разговор за „Моцартспорт“ вели дека добил повик од Јовица Арсиќ кој ја предводеше Македонија на ЕП 2009 година во Полска,  исто така имал понуда и да заигра за селекцијата на Црна Гора.

– Јас сум Србин од Белград и така се чувствувам. Нешто не ми дозволуваше да играм за друга репрезентација. Имав понуда од Црна Гора, па на шега побарав стан во Будва. И Јовица Арсиќ ме викна за Македонија кога беше селектор, ама не почувствував потреба да играм за друга репрезентација ако веќе не бев повикан за Србија. Ако прифатев да играм за друга репрезентација тоа ќе беше од инает. И Македонија и Црна Гора не постигнаа големи резултати на меѓународно ниво, а јас не сакав да играм за нив само колку да играм – изјави Мицов.

Мицов поради несогласувања со Александар Ѓорѓевиќ ја напушти српската репрезентација на подготовките за Светското првенство во 2014 година и оттогаш не се врати.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од Британија во Албанија трансферирана нова група осуденици за тешки кривични дела

Следно

ФОТО | Со здрава исхрана и вежбање: Српската Адел ослабе неверојатни 70 килограми за една година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian