Легендарната Алисон Феликс со медал од СП се прости од атлетиката

1 min read

Легендарната американска атлетичарка Алисон Феликс ја заврши својата кариера во Јуџин, освојувајќи го 19 медал на светските првенства. Феликс беше дел од мешаната штафета на САД на 4х400 метри која во финалето го освои бронзениот медал.

Алисон Феликс во пензија замува како најтрофејна атлетичарка на сите времиња бидејќи покрај 19 медали од Светските првенства, Американката има освоено 11 медали од Олимписките игри. Зад неа се легендарните спринтери од Јамајка, Мерлин Оти која има седум помалку од Феликс и Усеин Болт кој освои 21 медал.

– Почувствував љубов, чувствував радост додека трчав. Беше посебно за мене што последна трка ја трчав пред мојата публика, пред ќерка ми која беше на трибините. Оваа вечер ќе ја чувам во моето срце засекогаш – изјави Феликс.

Штафетата на САД во финалето заврши на третото место во финалето на штафетата на 4х400 со време од 3:10,16 минути, а златниот медал и припадна на штафетата на Доминиканската Република (3:09.82), додека Холандија беше втора (3:09.90).

Последните 400 метри во кариерата Феликс ги истрча за 50,15 секунди, што е далеку од 47,72 секунди што ги истрча на Светското првенство во 2015 година.

– Очигледно е дека не сум на врвот на мојата кариера, но да ја завршам тука, со ќерка ми на трибините и да можам да го споделам овој момент со неа ми значи многу – изјави Феликс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонското Собрание испиша историја, вели Ќучук

Следно

Дерматолозите предупредуваат: Децата не смеат да изгорат на сонце

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian