Леброн: Навивачите на Бостон се расисти

1 min read

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс и на НБА лигата упати жестоки критики за навивачите на Бостон кои ги нарече расисти.

Навивачите на Бостон се едни од најжестоките во НБА лигата кои не ретко знаат и да ги навредуваат противничките кошаркари како и да ги провоцираат, а ниту Џејмс не беше поштеден од навреди.

Леброн Џејмс во последната епизода ток шоуто „Шоп“ рече дека Бостон е градот во кој домашните навивачи доаѓаат на натпреварите со цел да не дозволат да противникот. Потоа беше запрашан зошто го мрази Бостон, а Џејмс одговори дека навивачите на Селтикс се расисти.

Потоа Џејмс објасни дека со текот на годините научил да не обрнува внимание на навредите кои ги слуша за време на натпреварите.

– Постојано слушам навреди, а доколку слушнам дека тие доаѓаат од некој во близина, веднаш ќе го погледнам и ќе продолжам да игра. Тие ќе зборуваат буквално сè, можат дури и да фрлаат нешто на вас. Еднаш ме гаѓаа со пивот додека го напуштав теренот – изјави Џејмс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Али Ахмети: Мицкоски со зелена маица – ванаби Зеленски од АлиЕкспрес

Следно

Кои хороскопски знаци имаат најсилен карактер?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian