Екипата на Челси вчера го комплетира второто големо засилување за следната сезона, потпиша со Калиду Кулибали.
Сенегалецот кој во последните неколку сезони е еден од најдобрите дефанзивци на светот, во трансфер вреден 38 милиони евра од Наполи се пресели во Челси.
Тој по поминувањето на лекарските прегледи потпиша четиригодишен договор со „сините“.
– Среќен сум што потпишав за Челси. Мојот сон отсекогаш беше да игра во Премиер лигата и кога ја добив понудата од Челси, не ми требаше многу време за да ја прифатам – изјави Кулибали кој доаѓа како замена за Антонио Ридигер и Андреас Кристенсен кои летово со заминаа како слободни играчи.
Одличниот дефанзивец во последните осум години го носеше дресот на Наполи за кого одигра 317 натпревари.
Претходно, за Челси потпиша и Рахим Стерлинг кој дојде од Манчестер сити.