Идеален ручек за топлите денови: Сочна и богата мусака без месо на која ќе ѝ се враќате цело лето

1 min read

Брзата и вкусна мусака без месо е одлично решение доколку не сакате да поминувате премногу време покрај шпоретот, а ви е потребен лесен и едноставен ручек за целото семејство.

Потребни состојки:

– 500 г компири
– 4 глави кромид
– 2 јајца
– 200 г сирење
– 1 чаша кисела павлака
– 1 морков
– 150 мл масло
– 200 г шампињони
– 1 лажичка сол
– бибер по желба

Начин на подготовка:

Излупете ги компирите и исечете ги на коцки. Исчистете го кромидот и исечкајте го на ситно, па пропржете го додека не зарумени. Потоа додадете го ренданиот морков и сечканите шампињони, па оставете убаво да се издинста со малку сол. Наредете ги компирите на дното на подмачкан сад за печење, а одозгора ставете го зеленчукот. Одозгора повторно наредете компири, а потоа изматете ги јајцата и измешајте ги со сирењето/кашкавалот и павлаката и прелијте. Ако ви останале компири, завршете ја мусаката со уште еден ред. Истурете до две чаши вода. Се пече најмалку половина час во загреана рерна на 200 степени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кулибали: Отсекогаш сакав да играм во Премиер лигата

Следно

Османи: Време е да ги собереме впечатоците и да ѝ обезбедиме европска иднина на земјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian