И Шолц ја поздрави одлуката на Собранието: Ве сакаме како членка на ЕУ, ќе бидеме покрај вас до крај

1 min read

Германскиот канцелар Олаф Шолц попладнево на Твитер го поздрави гласањето на Собранието на Северна Македонија за заклучоците за францускиот предлог.

„Го поздравувам гласањето на македонскиот Парламент што го отвори патот за првите конференции за пристапување на Европската унија со Северна Македонија и Албанија. Ве сакаме како членки на Европската Унија и ќе бидеме покрај вас до крај“, напиша Шолц.

Претходно, попладнево одлуката на Собранието ја поздравија и еврокомесарот за проширување Олвиер Вархеји, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и државниот секретар на САД Ентони Блинкен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Крцкаво совршенство: Бомбици со наполитанки и еурокрем готови за 15 минути

Следно

Се појави антракс во Хрватска, досега угинале над сто говеда

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian