И денеска протест пред Собранието против францускиот предлог

1 min read

Неколку стотици граѓани и денеска, со транспаренти и свирчиња се собраа пред зградата на законодавниот дом, на протест против францускиот предлог за отпочнување пристапни преговори со ЕУ.

Најтензично беше во периодот додека траеше гласањето, кога граѓаните се приближија до полициските барикади и фрлаа тоалетна хартија во дворот на Собранието.

Неколку часа по гласањето, пред Собранието останаа само неколку демонстранти во своите шатори, а сообраќајот беше нормализиран.

Во меѓувреме, од МВР информираат дека се приведени уште две лица од минатонеделните протести, со што бројката на уапсени од почетокот на протестите се искачи на 40.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Натали Портман призна: Бев сексуализирана како тинејџерка

Следно

ОФИЦИЈАЛНО: Левандовски е играч на Барселона

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian