ФОТО | Со здрава исхрана и вежбање: Српската Адел ослабе неверојатни 70 килограми за една година

1 min read

Српската џез и блуз пејачка на широката јавност ѝ е позната на јавноста по учеството во забавното шоу „Јас имам талент“. Таа ја претставуваше Србија и на изборот за песна за Евровизија во 2015 година во Виена, каде го освои 10-тото место.

Позната и како српската Адел, Бојана Стаменов ги воодушеви своите фанови со вистинска трансформација, откако за една година ослабе дури 70 килограми.

Овие неверојатни резултати Бојана постигнала преку диета и активни тренинзи. Иако многумина би помислиле дека се работи за слабеење со операција на желудникот, овој пат позади оваа огромна трансформација на пејачката стои само однапред предвиден режим од страна на стручен тим.

Сега таа откри дека не застанала тука, и дека продолжила да се грижи за својот физички изглед, па сè уште е физички активна.

Најголема сензација за пејачката беше тоа што сега по оваа огромна промена може да си ја купи гардеробата што ја сака, што претходно не чест беше случај.

„ЈАДАМ ПРАВИЛНО И ТРЕНИРАМ. КОГА ЌЕ ОСЛАБАМ 100 КИЛОГРАМИ, ТОГАШ ТОА ЌЕ БИДЕ СЕНЗАЦИЈА, ИАКО ТОГАШ ЌЕ БИДАМ ПРЕМНОГУ СЛАБА. ПОЧНАВ ДА КУПУВАМ ОБЛЕКА, ШТО ИСТО ТАКА Е СЕНЗАЦИЈА“ – ИЗЈАВИЛА БОЈАНА ЗА „БЛИЦ“, ПА ГИ ОТКРИ ПЛАНОВИТЕ ЗА ПРЕТСТОЈНАТА ГОДИНА:

„СО МОЈОТ БЕНД РАБОТАМ НА АВТОРСКА МУЗИКА. ПОДГОТВУВАМ ЕДНА ПЕСНА И УШТЕ НЕКОЛКУ ПРОЕКТИ ЗА КОИ НЕ МОЖАМ ДА ЗБОРУВАМ. СО ВЕРБА ВО БОГА И ЛУЃЕТО ЗА ГОДИНА, ГОДИНА И ПОЛ, ЌЕ ДОЈДЕТЕ НА МОЈАТА ПРОМОЦИЈА.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицов: Имав понуди да играм за Македонија и Црна Гора, но…

Следно

Предлог-заклучоци за францускиот предлог што ги усвои Собранието

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian