ФОТО | Моден двобој: Стајлингот на Наоми Кемпбел поради кој и Брижит Макрон остана во сенка

1 min read

Светскиот супермодел Наоми Кемпбел присуствуваше на годишната воена парада за Денот на Бастилја во Париз, придружувајќи ѝ се во текот на церемонијата на сопругата на францускиот претседател, Брижит Макрон.

Фото: Профимедиа

Необичниот спој на дами, кои потекнуваат од сосема спротивни светови, неспорно е заедничката склоност кон добриот стил, па на оваа средба не очекувавме ништо помалку од префинета елеганција.

Фото: Профимедиа

Некои стајлинзи никогаш не излегуваат од мода, а фустанот од твид дефинитивно е онаа класика која обезбедува безвременски шик. Наоми тоа многу добро го знаела, избрајќи го совршениот мини фустан на „Луј Витон“ во пастелен твид за ноќно излегување на Елисејските полиња. Останувајќи верна на француската модна куќа, таа го дополнила фустанот со бели чизми од „Луј Витон“ и чанта со истакнато лого на брендот на копчето.

Фото: Профимедиа

Од друга страна, Брижит избрала макси фустан со синџир принт, кој го красела панделка на вратот. Појасот со истиот дезен суптилно ја истакнал нејзината половина. Првата дама на Франција го заокружила својот изглед со високи потпетици со црн и златен принт. Многу шик!

Фото: Профимедиа

Брижит Макрон блескаше на изборната ноќ: Првата дама на Франција повторно со впечатлив стајлинг

ФОТО | Наоми крадеше воздишки на Кан: Раскошен фустан со длабоко деколте

ФОТО: Брижит Макрон ја воодушеви јавноста со оваа модна комбинација

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Несторовски во гол форма, два пати ја тресеше мрежата на Унион Берлин

Следно

Заев: Конечно, по 17 години, правиме голем исчекор кон ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian