ФОТО | Има 71 година и изгледа фантастично! Неда Украден совршена во костим за капење

2 mins read

Пејачката Неда Украден (71) ја искористи паузата од настапите за да ужива во летните радости и да се одмори за да ги наполни батериите за претстојните обврски. Таа неодамна престојуваше во родниот Имотски, а сега се јави од море и ги воодушеви своите следбеници со фотографија во костим за капење со црвен кармин и сламен шешир, а лицето го сокрила со црни очила за сонце.

„Одмор – но на кратко“, напишала Неда покрај фотографијата, а следбениците и испратија бројни комплименти и и порачаа дека изгледа одлично.

„Една од најубавите жени“, „Убавица“, „Неда лавица“, „Супер“, „Кратко, но слатко“, „Убава како и секогаш“, се само дел од коментарите.

Иако има 71 година, Неда се уште воодушевува со својата вита линија и младешки изглед, а неодамна во интервју за „Ин магазин“  ја откри тајната на својата завидна фигура.

– Одржувањето на добра форма и нешто што ви останало во наследство како подарок може да го направите само со дисциплина – диета и вежбање. Особено кога сте во зрели години. Секако, не е секогаш лесно бидејќи не живееме живот кој е уреден и во кој се може да се испланира. Но, доволна е и свесноста за тоа, но и емотивната среќа и исполнетост – вели Неда, а ја коментираше и титулата „најсекси баба на Балканот“ што ја краси.

– Тој назив „најсексапилната баба“ секогаш ме засмејува и тоа воопшто не ми пречи, особено што сум многу горда на моите внуци. А, зборот баба е најубавиот збор на светот – вели пејачката.

Неда Украден: Кога ништо не помага, тука е липосукциската диета

ФОТО | Неда Украден изгледа дваесет години помлада во костим за капење: Пејачката заводлива и во осмата деценија од животот

ФОТО | Неда Украден ѝ посака среќа на Констракта, обожавателите лути: Како не ти е срам

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОФИЦИЈАЛНО: Левандовски е играч на Барселона

Следно

Османи утре оди за Софија, со Генчовска ќе го потпишат Протоколот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian