„Еден ден кога ќе станам крал…“: Ветувањето на принцот Вилијам кон својата мајка

1 min read

Принцот Чарлс и Дијана се разделија во декември 1992 година, а официјално се разведоа 4 години подоцна. Овој развод подразбираше борба околу многу пари и моќ, а најболната точка беше – титулата на Дијана.

Всушност, со оглед на тоа дека таа беше мајка на британскиот престолонаследник, Дијана требаше да остане Нејзиното кралско височество. Дури и кралицата Елизабета Втора се согласила со тоа, но принцот Чарлс не сакал воопшто ни да помисли на тоа и титулата на Дијана била одземена.

Тоа тешко ѝ паднало на принцезата, а нејзиниот постар син Вилијам ја почувствувал нејзината тага и се обидел да ја утеши. Поранешниот батлер на Дијана, Пол Барел, подоцна открил како малиот принц, тогаш 14-годишно момче, ја утешил својата мајка.

„МИ РЕЧЕ ДЕКА ЕДНА НОЌ, КОГА БИЛА ТАЖНА ПОРАДИ ГУБЕЊЕТО НА ТИТУЛАТА, ПОКРАЈ НЕА СЕДНАЛ, ЈА ПРЕГРНАЛ И Ѝ РЕКОЛ: НЕ СЕ ГРИЖИ МАМИЧКЕ, ЈАС ЌЕ ТИ ЈА ВРАТАМ ТИТУЛАТА КОГА ЌЕ СТАНАМ КРАЛ ЕДЕН ДЕН“, СЕ ПРИСЕТИЛ БАРЕЛ.

Само година дена подоцна, Дијана загина во сообраќајна несреќа, а принцот Вилијам продолжи да зборува за честта на својата мајка и непрекинато да го потсетува светот колку таа беше посебна и му значеше.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Младите кошаркари поразени од Шведска на ЕП во Тбилиси

Следно

Борел твитна на македонски: Собранието гласаше за нашата заедничка европска иднина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian