Дерматолозите предупредуваат: Децата не смеат да изгорат на сонце

1 min read

Ниту возрасните не би требало да се изложуваат на сонце без висококвалитетни креми со соодветен фактор за заштита, но доколку имате деца, запомнете дека ова треба да го сфатите многу, многу сериозно.

Нека вашата основна мисија ова лето биде оваа нежна детска кожa да ја заштитите од сонцето.

деца ентеровироза
Фото: Profimedia

Постојат студии кои укажуваат дека е доволно детето само еднаш сериозно да изгори на сонце во раната возраст, и подоцна ризикот од меланом во повозрасните години да биде дури и за 50 проценти поголем.

„Истражувањата покажуваат дека многуте луѓе кои изгореле на сонце во раното детство нема со сигурност да добијат рак на кожа, но сепак во некои случаи доволен е само еден пат за ризикот од меланом да биде и за 50 проценти повисок “, вели дерматологот д-р Монти Лиман.

Немојте да се коцкате со нивното здравје. Не ги пуштајте децата надвор без заштита од сонцето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Легендарната Алисон Феликс со медал од СП се прости од атлетиката

Следно

СДСМ: Потонаа сите деструкции, лажни вести и крвави сценарија на Мицкоски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian