Буфон не размислува за крај: Би можел да се пензионирам на 55 години

1 min read

Голманот на Парма, Џанлуиџи Буфон сè уште е активен и на 44 години и не размислува за заминување во пензија.

Буфон професионалната кариера ја започна на 17 години токму во Парма, по што во 2001 година прави трансфер во Јувентус каде ги помина најубавите години во кариерата. Во 2018 година се сели во ПСЖ, но по само една сезона се враќа во Јувентус, а од минатата година е дел од Парма со која има договор до 2024 година. Но, Буфон смета дека може да игра десетина години.

– Би можел да се пензионирам на 55 години. Поминав десет години во Парма и 20 во Јувентус. Десет години размислувам за пензионирање, но секогаш продолжувам да играм – вели Буфон.

Тој најави дека нема да го напушти фудбалот ниту кога конечно ќе ја заврши играчката кариера. Буфон има и 176 настапи за италијанската репрезентација со која во 2006 година стана светски шампион.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ова е причина за смртта на Ивана Трамп

Следно

По обвинувањата за сексуално вознемирување Џејмс Франко се враќа на актерството

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian