„25 години возиме по вакви улици, само празни предизборни ветувања“, центарци реагираат за раскопаните улици во општината

1 min read

„25 години возиме по раскопани улици, само предизборни ветувања се најавите се нивна реконструкција“, со овие зборови центарци на социјалните мрежи го изразуваат незадоволството од раскопаните улици во општината. 

Фотографиите се направени на улицата „Славејко Арсов“ во скопската населба Водно, а на нив се гледа дека улиците се оштетени, а дупките може да бидат фатални за возилата и пешаците, особено во ноќните часови.

Тие апелираат до општината Центар и до надлежните во градот да преземат мерки за санирање на дупките. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Нови санкции од ЕУ за извоз на злато од Русија

Следно

Вучиќ се пофали: Први во регионот имаме директни летови до Пекинг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian