Владата ги осуди нападите и навредите на опозицијата кон високи претставници на ЕУ во Собранието

1 min read

Владата на Република Северна Македонија соопшти дека „јавно ги осудува крајно нецивилизираните напади и навредите искажани во Собранието на Република Северна Македонија од страна на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кон високи претставници на Европската Унија“.

„Најостро го осудуваме говорот на омраза којшто деновиве опозицијата упорно го шири и се обидува да го наметне во јавноста од собраниската говорница, но и од блокадите и протестите на улица. Главната цел на овие срамни и ниски напади е да го попречат патот на Република Северна Македонија во евроинтеграцискиот процес“, велат од Владата.

„Позициите на Владата на Република Северна Македонија се јасни и цврсто сме решени да станеме дел од европското семејство каде што и припаѓаме, штитејќи ги националните интереси и македонскиот јазик. Затоа Владата со целиот свој капацитет ќе продолжи да работи на просперитетот на земјата и нејзино полноправно членство во Унијата“, се додава во соопштението.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Иванка Трамп скршена поради ненадејната смрт на мајка си: Објави фотографии од детството

Следно

Рускиот амбасадор повикан на разговор поради смртта на заробениот Британец

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian