ВИДЕО: Динамо Загреб со победнички пресврт го најави двомечот со Шкупи во ЛШ

1 min read

Противникот на Шкупи во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите со победа ја започна новата сезона во најсилниот хрватски шампионат.

Динамо Загреб вечерва на домашен терен на „Максимир“ стадионот триумфираше со 3:2 против екипата на Локомотива Загреб.

Благодарение на домашните грешки гостите со погодоците на Куленовиќ во четвртата и Ибрахим во 22 минута водеа со 0:2. Кратко траеше радоста на Локомотива бидејќи само по 34 минути игра резултатот беше израмнет со головите на Дрмиќ (25`, 34`).

Во 78 минута гостинската екипа остана со играч помалку по црвениот картон кој го доби Мариќ. Оваа предност на теренот ја искористија „модрите“ со победнички гол во 91 минута преку Менало.

За домаќините стартери беа двајцата македонски репрезентативци, Стефан Ристовски настапи до 78 минута, додека капитенот на тимот Аријан Адеми го одигра целиот меч.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Костовски: Еден нокаут може да реши безброј навреди и пцовки, но не во храмот на демократијата

Следно

Тага во Зоолошката градина: Најстарата панда во Мексико почина на својот 35-ти роденден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian