Украина ги доби првите ракетни фрлачи со долг дострел М270 од Велика Британија

1 min read

Украина денеска ја доби од Велика Британија првата испорака на модерни ракетни системи со долг дострел М270, напиша на Твитер украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников,

„Првите M270 пристигнаа! Тие ќе бидат добро друштво на ХИМАРС на бојното поле“, напиша министерот и додаде: „Нема да има милост за непријателот“.

Во интервју за Би-Би-Си Украина објавено денеска, Резников посочи дека Украина веќе добила три M270, а ќе добие уште.

Во јуни, британскиот министер за одбрана Бен Валас објави дека Лондон ќе испрати во Украина американски ракетни системи М270, способни да погодат цели во радиус од 80 километри. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Сандански, левичарите и „дивите социјалисти“ (12)

Следно

Македонија ја декласираше Австрија за супер старт на ЕП во Тбилиси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian