Роберт Левандовски има уште една година од важечкиот договор со Баерн, а летово се поврзува со трансфер во други клубови.
За полскиот репрезентативец се шпекулира дека можно е од следната сезона да настапува во Премиер лигата, поточно во Челси.
Свој коментар околу ваквите наводи има менаџерот на лондонските „сини“, Томас Тухел.
– Мислам дека немаме шанси да го ангажираме Роберт Левандовски, но доколку ни се укаже шанса…Тој е една од најдобрите деветки во светот. Во овој момент Левандовски не е приоритет, Челси не размислува да донесе уште еден силен напаѓа – вели Тухел.
Минатата сезона Полјакот во Бундеслигата за баварскиот гигант реализираше 35 голови од 34 настапи.