Том Круз плаќа алиментација, но 10 години одбива да ја види својата ќерка Сури: Која е вистината?

1 min read

Актерот Том Круз е познат по тоа што има возбудлив приватен живот. Актерот зад себе има дури три брака, а последниот со колешката Кејти Холмс предизвика големи полемики.

Имено, парот се развел во 2012 година, кога нивната ќерка Сури имала шест години. Оттогаш, Том ги прекина сите контакти со наследничката. Причината поради која Кејти и Том раскинаа беше затоа што тој беше премногу вклучен во скиентологијата и таа не можеше да се прилагоди на тоа. Од слични причини заврши и неговиот брак со Никол Кидман.

Откако официјално се разделија, Том никогаш повеќе не беше виден во јавноста со својата ќерка Сури. Познато е дека тој не го добил старателството, а разводот бил завршен за 11 дена, што било сосема невообичаено.

Иако, според судската одлука, имал можност 10 дена во месецот да се гледа со својата ќерка, тој одбил. Причината е истата – скиентологијата, а неговата ќерка не е во неа, па затоа не смее да одржуваат контакт. Единственото нешто до кое наводно се придржува е алиментацијата – 33.000 долари месечно, пренесува „Post English“.

Сури живее со мајка си во Њујорк и се труди да води живот како сите нејзини врсници, но младата девојка често е на мета на папараците.

Извор близок до Том изјавил дека актерот никогаш не сакал да се отуѓи од својата ќерка и дека се надева дека еден ден ќе ја поправи врската со неа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Потврда од судот во Лозана, руските фудбалски клубови не можат во Европа

Следно

Вонредна ситуација во Британија поради екстремно топлото време: Рекордните температури допрва се очекуваат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian