Таткото на Илон Маск добил дете со поќерката, која е 41 година помлада од него

2 mins read

Таткото на Илон Маск, Ерол Маск (73) добил дете со поќерката, која имала само 4 години, кога се венчал со нејзината мајка.

Таткото на Илон Маск го добил второто дете со својата посвоена ќерка, која е 41 година помлада од него, рекол тој во новото интервју.

Фото: Инстаграм

Ерол Маск (76), рекол дека добил ќерка со Јана Безиденхут (35) во 2019 година. Ерол и Јана претходно го добиле и синот Елиот Раш, кој сега има 5 години.

Нејзината мајка, Хеде и Маск, биле во брак 18 години и имаат две деца. Безиденхут имала само 4 години кога Маск станал нејзин очув. Ерол и Меј Маск биле во брак од 1970 до 1979 година и имаат три деца: Илон, Кимбала и Тоска.

Ерол Маск за британски „Сан“ рекол дека детето „не било планирано“, додавајќи дека тој и Безиденхут живееле заедно околу 18 месеци по раѓањето на нивното прво дете.

Тие повеќе не живеат заедно, но „негуваат љубов еден кон друг“, рекол тој.

Постариот Маск рекол дека неговите ќерки се шокирани од неговата врска со Безиденхут. „Њујорк пост“ објавил дека тој бил татко на вкупно седум деца.

„Единствената работа поради која сме на Земјата е да се размножуваме. Да можам да имам уште едно дете, би имал. Не гледам причина да не биде така“, изјавил тој.

Инсајдер претходно месецов известил дека Илон Маск добил близнаци во ноември со една од своите раководителки во „Неуралинк“, Шивон Зилис. Тоа значи дека тој има девет деца.

ФОТО | Колку наследници има Илон Маск, новиот сопственик на Твитер

ФОТО | Колку наследници има Илон Маск, новиот сопственик на Твитер

ФОТО | „Илон Маск има нова девојка“: Која е 23-години помладата актерка која го освои неговото срце?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицковска „скршена“ од настанот во скопската Зоолошка – еве што порача

Следно

Голоб: Преку енергетска солидарност и синергија до зима без рестрикции

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian