Таравари: АА ќе го услови гласањето за уставните измени со бришење на дефиницијата „20%“ за Албанците

2 mins read

За потпретседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, усвојувањето на францускиот предлог е веќе завршена работа, но, како што вели, проблем остануваат уставните измени за вметнување на Бугарите.

АА може да го услови гласањето на нејзините пратеници за измена на Уставот, со отстранувањето на дефиницијата 20% за Албанците, изјави Таравари во интервју за ТВ21.

„И лидерот на македонската опозиција неколкупати потенцираше дека не му пречи да се отстранат 20%, доколку има согласност и ние секако дека ќе одлучиме, не велам да биде како услов, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Согласно тоа ќе донесеме одлука, но мислам дека на секој начин ќе инсистираме да се отвори Уставот и да се отстранат тие 20 отсто“, рече Таравари.

Според него, загрижувачки е фактот што нема консензус меѓу македонските партии, но сепак смета дека уставните измени ќе бидат направени наскоро.

„Има простор додека да стартуваат преговорите. Кога ќе има потреба за уставни измени, состојбата добро да се изменаџира од власта, од владејачките партии со цел да се постигне компромис и да се дојде до бројка од 81. Јас и понатаму мислам дека уставните измени ќе бидат направени“, посочи Таравари, додавајќи дека мисли оти Уставот ќе биде сменет за време на актуелната власт.

На прашањето дали ова го вели како негово мислење или има индикации од опозициските колеги од ВМРО-ДПМНЕ, Таравари одговори:

„Ако актуелната власт не го вели само туку-така, дека ќе станеме дел од ЕУ, а од друга страна постапува создавајќи нервоза и тензии кај народот, јас мислам дека можат да го изменаџираат тоа, имаат простор, сега ќе помине со 61, но има простор за уставните измени“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Хит фотографија: Мик Џегер пие пиво на киоск во Виена, зад него натпис „Босна“

Следно

ЕП: Словенија во четвртфиналето беше пресилна за македонските кошаркарки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian