Стефковски од Трубарево порача: Секое дадено ветување се реализира

1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денес го посети маалото наречено Пуста Кула во населеното место Трубарево каде продолжи акцијата за асфалтирање на локални улици.

-Жителите на Пуста Кула во Трубарево повеќе нема да газат во кал. Денес го посетив маалото наречено Пуста Кула во Трубарево каде продолжи акцијата за асфалтирање на локални улици. Граѓаните кои имав можност да ги сретнам порачаа дека поучени од минатото не верувале дека ќе им се асфалтираат улиците. Мојата порака до граѓаните е да имаме трпение. Секое дадено ветување и кажан збор ќе се реализира. Заврши времето на лажни ветувања. Ова е новото време во нашата Гази Баба! – порача Стефковски.

skopjeinfo.mk

Претходно

Комисијата за заразни болести препорача двојно да се зголемат капацитетите за тестирање од Ковид

Следно

Разбиена криминална група поврзана со продажба на крофни на плажи на Халкидики

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian