Среќен роденден Игор Џамбазов: Актерот денеска полни 59 години, а честитки пристигнуваат од сите страни

1 min read

Омилениот актер и шоумен на многу генерации, Игор Џамбазов, денес го слави својот 59 роденден. Роденденот го поминува работно како водител на  фестивалот „Пиво-фест“ заедно со Марјана Станојковска.

Инстаграм профилот на актерот е преполн со честитка од неговите бројни фанови, колеги, соработници, пријатели, а наубавата порака пристигна од неговата сакана Илина.

„Денес е посебен ден. Среќен роденден на моето злато“ – напиша Илина на Инстаграм споделувајќи фотографија со Игор.

Нашата позната актерка, Весна Петрушевска – Бејби, а воедно и долгогодишна пријателка на Џамбазов преку видео кое го објави на својот инстаграм – профил на оригинален начин му го честиташе роденденот на актерот:

„Има само еден човек на светот кој кога се будиш во инбокс ти пишува „не те уапсиле уште?“ – откри Бејби во видеото.

Пејачот Никола Перевски попознат на јавноста како Пере од групата „Нокаут“ на својот инстаграм – профил објави стара фотографија од Игор со која му го честиташе роденденот на актерот.

„1999 година. Универзална сала. Лично моја фотографија во тоа време кога сеуште немаше искочено мобилни со камера. Бев дел од публиката и носев со мене еден мал сега веќе смешен Канон на развивање филмови. Концерт – Игор Џамбазов. Да си жив и здрав – Среќен роденден!„ “ –  напиша Пере во описот на фотографијата.

Среќен роденден Игор!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија ја декласираше Австрија за супер старт на ЕП во Тбилиси

Следно

Костовски: Еден нокаут може да реши безброј навреди и пцовки, но не во храмот на демократијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian