Софи Тарнер и Џо Џонас станаа родители по вторпат: Sвездата на „Игра на Тронови“ и музичарот добија ќерка

1 min read

Актерката Софи Тарнер и музичарот Џо Џонас станаа родители по втор пат. Нивните претставници за „People“ потврдија дека парот добил уште една ќерка на 14 јули годинава.

Софија и Џо ја добија својата прва ќерка Вила во 2020 година. И постарата сестра со нетрпение ја очекуваше нејзината улога, истакна ѕвездата од „Игра на тронови“ која потврди дека е бремена минатиот мај.

„Сето ова е за мене. Воспитување на нова генерација. Најдоброто нешто за мене е да ја гледам како учи и совладува нови работи. И ние многу се радуваме на проширувањето на семејството. Ова е вистински благослов“ – истакна таа за британското издание на магазинот „El“ во јуни 2022 година.

Тарнер неколкупати се појави на црвениот тепих со труднички стомак. Таа привлече посебно внимание со доаѓањето на Оскарите, како и на Мет гала.

Името на новородената ќерка се уште не и е познато на јавноста.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чачиќ: Шкупи ќе биде тежок противник за Динамо Загреб

Следно

ВИДЕО: Храмот на демократијата се претвори во национален срам!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian