Северина објави медицински наод и ја нападна директорката на училиштето: Ми го киднапираа детето

3 mins read

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ се огласи откако државното обвинителство во Загреб ја товари за две наметливи однесувања кон Љиљана Клингер, директорката на загрепското училиште во кое учи нејзиниот син, пишуваат регионалните медиуми.

Пред неколку дена во „Јутарњи лист“ беше објавен текст дека Северина испраќала заканувачки пораки до директорката Клингер.

Таа детално објавила  објаснила во „Писмото на една мајка“ каде детално опишала низ што поминувало нејзиното дете на училиштето, поради што упатила закани до директорката. Таа навела и дека во се бил вмешан нејзиниот поранешен свршеник Милан Поповиќ, кого го обвинила дека се здружил со директорката на училиштето. Таа истакнала дека детето не го гледала поради нив.

Во статусот таа навела што наводно директорката Љиљана Клингер му правела на нејзиниот син, па вели дека им наредила на учителките да го затворат во училиштето и дека го отпишала од веронаука без пејачката да знае.

Северина на својот инстаграм-профил објави и медицински наоди и истакна дека судијата не сакал ниту да ги погледне и веднаш и го одзел детето.

„Јас и ги дадов наодите. Судијката не сакаше да го прегледа наодот, ниту да повика сведоци или лекари. Таа пресуди дека треба да ми го одземат детето затоа што „намерно“ не го однесов на училиште?!? Ми го одземаа детето веднаш на 28 ноември. 20 месеци „како привремена мерка“. Да се разбереме, тоа не беше пресуда, туку организирано киднапирање на дете. Поради тие госпоѓи и стручњаци, детето го гледав само 88 часа месечно. Двапати месечно можеше да се преноќи дома. По киднапирањето, судијката среќна заминала на скијање со таткото, а таткото донирал во училиштето. И биле среќни.

Тоа се години на злоупотреба и на детето и на мене во Божјата правда. Зборувајќи за Бог, директорката и него го исфрли од веронаука без моја согласност. Вчера дојдов на море со син ми, но „директорката од пеколот“ и нејзината адвокатка Жељка Покупец уште на првиот ден од нашиот одмор објавија дека ДОРХ ме тужи.

Знаете што и напишав, а сега знаете што му претходеше на тоа. Што би ѝ напишале?

Претпоставувам дека требаше да им испратам кафе и слатки на тие фини дами?“, заклучила Северина на својот инстаграм-профил.

ВИДЕО | Матурска забава: Погледнете како изгледала Северина на 19 години

ФОТО | Модна лекција од Северина: Во друштво на синот Александар, пејачката изгледа подобро од кога било

Поповиќ првпат откри шокантни детали за Северина: Детето не го носеше 46 дена во училиште, ќе повторуваше година

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕП: Словенија во четвртфиналето беше пресилна за македонските кошаркарки

Следно

Сандански, левичарите и „дивите социјалисти“ (12)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian