Румен Радев на консултации со партиите пред да го врачи третиот мандат

1 min read

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска ќе има консултации со претставници на пратеничките групи во 47. Народно Собрание, пред да го врачи третиот мандат за формирање нова влада во рамките на актуелниот парламент, јави дописникот на МИА од Софија

Радев пред два дена, по враќањето од посетата на Црна Гора, рече дека ќе има консултации со сите парламентарни партии за да ги слушне начините за излез од политичката криза и какви модели и политики ќе бараат поединечните партии за коалиција пред да одлучат на кого од „Демократска Бугарија”, Бугарската социјалистичка партија или „Има таков народ”, да го предаде третиот мандат за формирање нова бугарска влада.

Доколку и овој обид не успее, тогаш претседателот на Бугарија е должен да го распушти Народното собрание, да закаже предвремени парламентарни избори и да назначи преодна влада која ќе ги организира во рок од два месеци. Како најверојатен датум за нивното одржување, Радев го гледа почетокот на октомври, а правниците очекуваат тие да се одржат на 2 или 9 октомври.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трамп: Верувам дека ќе победам ако се кандидирам на изборите во 2024 година

Следно

Тања Турунџиева, нутриционистка: Интересни факти за човечкиот организам – дали сте знаеле дека…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian