Репрезентативниот голман Илиев го очекува нова пауза од терените

1 min read

Во јуни дебитираше во дресот на македонската А репрезентација против Гибралтар во победата од 0:2 во рамките од Лигата на нации.

Голманот Дејан Илиев повторно го очекува нова пауза од фудбалските терени после уште една извршена операција.

– Уште една пречка на патот. Благодарност до д-р Улрих Боениш и неговиот тим што ми помогнаа уште еднаш во овие тешки моменти! Сега почнува напорната работа, ќе се вратам посилен – се огласи чуварот на мрежата преку социјалните мрежи.

Годинава во февруари потпиша договор на 18 месеци со словачкиот клуб Тренчин за кој веќе запиша пет настапи.

Македонската А репрезентација своите нови мечеви во Лигата „Ц“ ќе ги има во септември против Грузија на гости и дома против Бугарија.

Останува да се види дали селекторот Благоја Милевски ќе повика ново име, на голманската позиција ги има уште Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Кристијан Наумовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пронајдено телото на романски турист кој исчезна кај Лефкада по петдневна потрага

Следно

Која беше Ивана Трамп? Сите ја паметат по славната реченица по разводот од Доналд: Не лути се, земи му сѐ!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian