Пронајдено телото на романски турист кој исчезна кај Лефкада по петдневна потрага

1 min read

25-годишниот пливач, кој беше исчезнат од минатата недела во Лефкада, вчера е пронајден мртов по петдневни истраги, објавија грчките медиуми.

Романскиот турист дошол на одмор во Лефкада со својата девојка и пријателите и во неделата напладне на првиот ден од одморот се изгубил во водите на плажата Милос. Сите овие денови крајбрежната стража со помош на нуркач од рано наутро до зајдисонце трагаше по исчезнатото лице.

Вчера, Италијанец кој спортувал на вода во околината пронашол тело на стрмната плажа помеѓу Цукаладес и Пефкулас.

Тој ја известил крајбрежната стража и за кратко време телото е префрлено во болница каде дошле да го идентификуваат неговиот татко, девојката и другарите.

Несреќниот млад човек Раду Дину го препознала неговата девојка, а малку подоцна и татко му. Тие можеле да го идентификуваат по портокаловиот костим за капење што го носел како и по неговиот часовник.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонци ја намалувале километражата на половни автомобили и ги продавале

Следно

Репрезентативниот голман Илиев го очекува нова пауза од терените

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian