Проф. Дујовски: Политичките лидери мора да најдат начини како државата да стане членка на ЕУ со сите предизвици на тој пат

1 min read

Одбивањето на францускиот предлог ќе значи ретроградни процеси коишто можат да не оддалечат и повторно да не остават сами. Во таа ситуација членството во НАТО може да помогне, но сигурно нема да ја гарантира безбедноста на начин како што тоа ќе биде со полноправното членство на нашата држава во ЕУ, изјави деканот на Факултетот за безбедност, професор Никола Дујовски, во врска со безбедносните ризици за државата, доколку се прифати или одбие предлог-преговарачката рамка.

– Членството во НАТО е одговор на ова прашање. Членството во НАТО нам ни ја осигура безбедноста сега. Во овој конфликт помеѓу Русија и Украина ние сме многу поспокојни и како служби и како држава затоа што разменуваме добри и квалитетни информации и нема никаков проблем во однос на напредокот на државата кон европските интеграции. Членството во ЕУ може само да ја зајакне безбедносната состојба, истакна Дујовски.

Тој очекува дека ќе имаме успех и по однос на првата стратешка цел, односно членството во ЕУ.

– Факт е дека Македонија многу тешко се движи во тој процес. Факт е дека за нас постојат и други услови, меѓутоа, тоа е реалноста. Од тоа нема бегање назад. Мора да изнаоѓаме начини и тоа е целта на политичките лидери да најдат начини како државата да стане членка на ЕУ со сите предизвици коишто ги имаме на тој пат, а верувајте ми се уште не сме ни започнале со сериозните предизвици, изјави професор Дујовски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Давор Панчевски ни подготви вкусни, егзотични, а здрави крекери: Готови за помалку од половина час

Следно

ЕК: Не е соодветно да кажуваме дали ќе има нов пакет санкции против Русија

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian