Потврда од судот во Лозана, руските фудбалски клубови не можат во Европа

1 min read

Руските фудбалски клубови нема да можат да учествуваат во европските купови оваа сезона, одлучи Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана.

Русите претходно поднесоа жалба до спортскиот суд против одлуките на УЕФА и ФИФА кои ги суспендираа руските тимови и селекции поради воената агресија врз Украина, но денеска судот ги потврди одлуките на водечките фудбалски тела.

Во блиска иднина, Судот за спортска арбитража ќе одлучува по жалбите на руските федерации во другите спортови бидејќи многумина го следеа примерот на УЕФА и ФИФА и ги суспендираа натпреварувачите од Русија поради настаните на територијата на Украина.

Русија веќе беше исклучена од квалификациите за Светското првенство за мажи и од женското Европско првенство.

Со оваа одлука националниот шампион Зенит Санкт Петербург го остава надвор од групната фаза во Лигата на шампионите. Уште еден руски тим, Сочи, ќе биде изоставен од репката за третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, закажана за в понеделник.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Словенија: Нема референдум за Законот за заразни болести

Следно

Том Круз плаќа алиментација, но 10 години одбива да ја види својата ќерка Сури: Која е вистината?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian