Последните часови на Ивана Трамп: Вечерала во омилениот ресторан, неколку часа пред да ја пронајдат мртва во нејзиниот стан

2 mins read

Ивана Трамп почина на 73-годишна возраст во својот стан на Апер Ист Сајд во Њујорк, а полицијата сега ги откри деталите за оваа ненадејна судбина на поранешната сопруга на Доналд Трамп.

Имено, Ивана била пронајдена без свест на дното од скалите во нејзиниот дом.

Ја пронашол полицаец, а сè уште не се знае дали смртта на Ивана била предизвикана од падот од скалите или, пак, се работи за нешто друго.

Инаку, Ивана токму вчера го посетила својот омилен ресторан „Altesi Ristorante“ кој се наоѓа на само неколку метри од нејзиниот стан на Апер Ист Сајд.

Ивана  делувала „изморено“ и нарачала само мала количина храна во нејзиниот омилен ресторан во Њујорк, неколку часа пред да биде пронајдена мртва на дното од скалите, открива „УС Сан“.

Таа била чест посетител на италијанскиот ресторан и се чинела расположена, иако малку изморена кога дошла, изјавил сопственикот на „Altesia“ Паоло Алавиан низ солзи за „УС Сан“.

Како што пишува „Дејли мејл“, Ивана планирала патување во Сен Тропе, а на денот кога била пронајдена мртва, имала договорено термин кај фризер.

Откако таа не одговорила на повиците на членовите на семејството, полицијата тропнала на нејзината врата за да провери што се случува, а таму, за жал, наишла на тажна сцена.

Потоа, нејзиниот дом го посетиле и нејзиниот син Ерик и неговата сопруга Лара Трамп.

ПАДНАА БАКНЕЖИ: Урнебесна средба на градоначалникот на Загреб и првата жена на Трамп

Почина Ивана Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тухел: Мислам дека немаме шанси да го ангажираме Левандовски

Следно

Комисијата за заразни болести препорача двојно да се зголемат капацитетите за тестирање од Ковид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian