Портпаролката на ЕК избегнуваше да каже дали ЕУ го признава македонскиот јазик, па Фон дер Лајен пак се јави на Твитер

2 mins read

Портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант, денеска одби да даде прецизен одговор дали Европската Унија го признава македонскиот јазик. Одговарајќи на новинарско прашање на дописничката на МИА во Брисел, Тања Милевска, Спинант рече дека вчера претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во Собранието говорела за „јазикот што го користат луѓето во Северна Македонија“.

Вчера претседателката на ЕК во македонското Собрание рече дека во францускиот предлог именувањето на јазикот е како „македонски“ без какви било одреденици од страна на ЕУ.

„Изјавата на претседателката значи тоа што значи. Таа зборува за јазикот користен од луѓето во Северна Македонија, што таа го нарекува македонски јазик. За импликациите што ова ќе го има за нешто што е повеќе техничко како, на пример, Договорот за Фрпнтекс, ќе прашам, проверував за да видам дали има нешто ново, но нема. Ќе проверам дали има нешто ново и дополнително ќе ве информирам, сега засега нема ништо ново“, рече Спинант.

На дополнително прашање: дали вчерашната изјава на Фон дер Лајен значи дека Европската комисија го признава јазикот како македонски, Спанинг рече дека не сака да се впушта во интерпретација на сите синоними во изјавите на претседателката на ЕК.

Владините претставници изјавата на Спинант ја нарекоа „непрофесионален гаф“.

„Европската комисија мора веднаш да се корегира после ваквите изнесени невистини и да преземе мерки против ваквото неодговорно однесување на портпаролка која неподготвена излегла да зборува спротивно од фактите и спротивно од нејзината претпоставена“, напиша владиниот национален координатор за Отворен Балкан, Марјан Забрчанец, во објава на Фејсбук.

Нешто подоцна, преку Твитер повторно се огласи претседателката на ЕК Фон дер Лајен, која напиша: Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поранешна манекенка, а денес домаќинка која ги напуштила студиите поради фудбалерот: Која е Антонела Рокузо, љубовта на Меси?

Следно

Им даваат по 100-че сами си купуваат што сакаат…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian