Поранешна манекенка, а денес домаќинка која ги напуштила студиите поради фудбалерот: Која е Антонела Рокузо, љубовта на Меси?

2 mins read

Поддршка во сè на славниот фудбалер му дава неговата сопруга Антонела Рокузо, која ја запознал кога имал само 5 години. Меси и Антонела се запознале преку роднината на Антонела, Лукас, кој му бил најдобар пријател на Меси во детството. Иако уште од мал бил срамежлив, Меси признал дека е вљубен во Антонела уште кога имал девет години.

Заедно се долги години, а јавноста за нивната врска дозна дури во 2009 година. Антонела во Аргентина студирала стоматологија, но поради Меси ги напуштила студиите и заедно се преселиле во Барселона.

Таму Антонела започнала сопствена кариера и станала манекенка, а последниве години поголемиот дел од времето го посветува на нивните три сина и се обидува да се држи настрана од светлата на рефлекторите.

Се венчаа во јуни 2017 година во Росарио, родниот град на Антонела, а на свеченоста присуствуваа само ограничен број гости.

Иако се обидува да го сочува приватниот живот подалеку од медиумите, Антонела на Инстаграм ја следат скоро 13 милиони луѓе, а на својот профил таа често објавува фотографии од своето семејство.

Иако долго време низ медиумите се пишуваше дека Ла Негра, како што ја нарекуваат Антонела во Аргентина, била само со Меси, по нивната венчавка се појавија гласини дека имала афера со некое момче во Росарио додека Меси бил во Барселона.

Клучен момент во љубовната врска на Меси и Антонела се случил во мај 2005 година, кога Антонела поминала низ тежок период. Нејзиниот најдобар пријател починал откако го прегзило момче кое возело пијано. Антонела тогаш имала 17 години и поради тој настан паднала во депресија, престанала да оди во училиште, а тоа го натерало Меси да отиде во Аргентина, да ја утеши и да биде покрај неа.

По три години Антонела се преселила во Шпанија да живее со него.

„БАРЕМ НЕ МЕ ОСТАВИ ПОРАДИ БИЛО КОЈ, ТУКУ ПОРАДИ МЕСИ“, РЕКЛО ТОГАШ МОМЧЕТО СО КОЕ АНТОНЕЛА ДОТОГАШ БИЛА ВО ВРСКА.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Американецот Еван Максвел е нов играч на МЗТ Скопје

Следно

Портпаролката на ЕК избегнуваше да каже дали ЕУ го признава македонскиот јазик, па Фон дер Лајен пак се јави на Твитер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian