Обединети за Македонија го поддржува францускиот предлог, така одлучило Претседателството на партијата

1 min read

На вечерашниот состанок на Претседателството на Обединети за Македонија, се донесе одлука за поддршка на т.н. француски предлог за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, соопшти партијата.

„Билатералните прашања не се дел од преговорите. Со самиот предлог, се потврдува македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик. Правото на самоопределување е една од вредностите на Европската Унија. Затоа, најискрено советуваме, пред да излезете да протестирате, да го прочитате документот кој е јавно достапен и самите да донесете заклучок, дали ќе ја поддржете радикалната левица која шири невистини и идеологија чиишто земји каде е на власт истата, се најниско рангирани во светот, или ќе продолжиме по европскиот пат како горди Македонци“, велат од Обединети за Македонија.

Но, партијата во исто време испраќа и апел до македонската дипломатија: „доколку во иднина не се почитува договореното, да ги прекинеме преговорите на одредено време“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тага во Зоолошката градина: Најстарата панда во Мексико почина на својот 35-ти роденден

Следно

Македонскиот „дијамант“ Елмас за 35 милиони евра би можел да го напушти Наполи?!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian