Мицковска „скршена“ од настанот во скопската Зоолошка – еве што порача

1 min read

Тина Мицковска, соработничката во скопската Зоолошка градина и позната застапничка за правата на животните, се огласи по повод немилиот настан во Зоолошката. 

-Како искрен љубител на животните и човек кој се бори за секој еден живот да биде спасен, се скршив кога дознав за ова. Моите солзи нема да ги вратат изгубените животи на коњите, за кои не знаев дека воопшто биле донесени во зоолошката градина, а камоли па дека им се случило најлошото, односно тоа се криело од мене, пишува таа на својот фејсбук профил.

-Токму за да не се случуваат вакви работи, здруженијата пред неколку месеци побараа да бидам заменик директор, но иако тоа беше јавно објавено од градот Скопје и на медиумите, јас никогаш не бев поставена на таа позиција, напротив- рацете ми беа врзани. Ова го пишувам како обичен вработен и пред се како активист и душава не ми дава да премолчам на ова што го дознав денес и тоа од новинари кои се јавија за изјава. Јас ќе продолжам за секое едно животно да се борам, порача Мицковска. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Амбасадата на САД ги повика своите граѓани веднаш да ја напуштат Украина

Следно

Таткото на Илон Маск добил дете со поќерката, која е 41 година помлада од него

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian