Марез останува верен на Манчестер сити до 2025 година

1 min read

Официјално Ријад Марез потпиша нов договор на две години со Манчестер сити, односно ќе остане во клубот до јуни 2025 година.

Алжирското крило, кое дојде од Лестер сити во летото 2018, се промовираше во еден од клучните играчи во составот на Пеп Гвардиола.

Марез им помогна на „граѓаните“ да освојат три премиерлигашки титули, трипати го освои Лига купот, еднаш ФА купот, а беше финалист во Лигата на шампионите.

До сега запиша вкупно 189 настапи, постигнувајќи 63 голови, а воедно запиша 45 асистенции.

– Многу сум среќен што потпишав нов договор. Тука уживам во секоја минута, задоволство е да се биде дел од овој неверојатен клуб. Помогнав да се оствари успехот во кој уживавме во изминатите четири сезони и тоа нè прави гладни да бркаме нови трофеи – вели Марез за клупскиот сајт.

Официјално: Кристијан Ериксен потпиша за Манчестер јунајтед

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рускиот амбасадор повикан на разговор поради смртта на заробениот Британец

Следно

ФОТО | Хит фотографија: Мик Џегер пие пиво на киоск во Виена, зад него натпис „Босна“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian