Мафин-гибаница, домашни пити со сирење кои мора да ги пробате

1 min read

Доколку не знаете што да подготвите за појадок или вечера, вака подготвената гибаница е одлично решение, а најдобро оди со јогурт.

Овие мафини можат да бидат одлично солено послужување за слава, роденден и други свечени прилики, декоративни се, а воедно и доста заситуваат.

Состојки:

– 12 кори за пита
– 3 јајца
– 250 грама ситно солено сирење
– 200 г спанаќ
– 1 ќесичка прашок за печиво
– 1 чаша вода
– масло по потреба
– сол по вкус

Подготовка:

Изматете две јајца, па измешајте ги со сирењето и ситно сечканиот спанаќ, а во посебен сад измешајте сол, вода и прашок за печиво.

Земете ја кората, па нејзината половина попрскајте ја со вода што содржи сол и прашок за печиво, добро изгужвајте ја, па потопете ја во смесата од јајца. Завиткајте го овој крај во сувата половина од кората, така што ќе добие форма на топка. Повторувајте додека не ги потрошите корите.

Калапите подмачкајте ги со масло или наредете ги корпите за мафини, па ставете ги топчињата и премачкајте ги со преостанатото изматено јајце. Секое топче спуштете го подмачканиот калап од мафините, одозгора премачкајте со изматеното јајце и по желба посипете со сусам и посолете.

Печете околу 20-25 минути или додека не добие златно-кафеава боја во рерна загреана на 180 степени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Дали ова е најдолгиот поен во одбојка на песок на сите времиња?

Следно

ОЈО Велес покрена истрага за човекот кој при тепача му нанесе тешка телесна повреда на друго лице и предизвика смрт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian