Куче скитник каснало дете во Скопје

1 min read

Вчера, во Скопје од куче скитник бил каснат малолетник. 

Случајот бил пријавен во полиција од страна на таткото на детето, а настанот се случил на ул.„Лука Геров“. 

Ова не е прв ваков случај месецов, напротив според извештаите на МВР речиси секој ден има барем по еден пријавен случај дека кучиња скитници нападнале или каснале човек.

Од полицијата нема информации дали и какви мерки се преземаат за решавање на овој проблем.

 

skopjeinfo.mk

Претходно

Вонредна ситуација во Британија поради екстремно топлото време: Рекордните температури допрва се очекуваат

Следно

Белград: Ќе се проверуваат обложувалниците кои се несоодветно оддалечени од училишта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian