Костовски: Еден нокаут може да реши безброј навреди и пцовки, но не во храмот на демократијата

2 mins read

„Да се контролираш во даден момент од пцовки и навреди од “невротичниот” колега е одлика на здрав ум. Безброј навреди, колнења и закани можеби може да ги реши еден нокаут, но тоа на улица, не во храмот на демократијата“, напиша на Фејсбук пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски, кој денеска за малку ќе влезеше во физичка пресметка со колегата-пратеник Димитар Апасиев во собраниската сала.

„Лудилото ќе се заборави, ама рационалноста народот ќе ја памети. Соочен со целосен распад и неуспех на сценаријата за насилно стопирање на европската иднина на државата, на Апасиев не му преостана ништо друго освен да ги пренесе тензиите во Собранието. Свесен дека не му поминуваат лагите за бугаризација и асимилација на Македонците, не му преостана ништо друго освен да се заканува со физичко насилство“, вели Костовски.

„Агресијата на Апасиев кон мене, е само изблик на неговата немоќ, и ништо повеќе од тоа. Впрочем, насилничкото однесување на Апасиев, не е ништо ново ниту за нас пратениците, ниту за граѓаните. Тоа е истиот оној Апасиев кој се закануваше дека ќе стрелал луѓе, кој секојдневни се заканува, клевети, шири говор на омраза. Но, ниту тој, ниту тие за кои ги одработува овие антидржавни сценарија, нема да успеат да ни застанат на патот на европската идна на државата. Влегуваме во ЕУ како Македонци, со признат македонски јазик нез никакви фусноти и додавки, со чист македонски идентитет“, напиша пратеникот од СДСМ.

За инцидентот вечерва се огласи и Апасиев, кој напиша кусо: „Со сељаците – сељачки. Со интелектуалците – интелектуално“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Среќен роденден Игор Џамбазов: Актерот денеска полни 59 години, а честитки пристигнуваат од сите страни

Следно

ВИДЕО: Динамо Загреб со победнички пресврт го најави двомечот со Шкупи во ЛШ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian