Која беше Ивана Трамп? Сите ја паметат по славната реченица по разводот од Доналд: Не лути се, земи му сѐ!

6 mins read

Ивана Трамп, првата сопруга на поранешниот претседател Доналд Трамп, со која има три деца, почина вчера на 73-годишна возраст.

Доналд и Ивана Трамп
Доналд и Ивана Трамп во 1985 година / Фото: Adam Scull/PHL/MPI / Capital pictures / Profimedia

Според „Еј-би-си њуз“, таа најверојатно починала од срцев застој.

Ивана Трамп е родена во 1949 година во поранешна Чехословачка како Ивана Зелничкова. Во 1971 година се преселила во Австрија откако се омажила за австриски инструктор по скијање, од кој се развела една година подоцна кога добила австриско државјанство. Потоа, таа се преселила прво во Канада, каде што работела како манекенка, потоа во Калифорнија, па во Њујорк.

Ивана го запознала Доналд Трамп во 1976 година, а парот се венчал во април следната година. Со него добила три деца – Доналд помладиот, Иванка и Ерик.

Ерик, Ивана и Иванка Трамп
Ерик, Ивана и Иванка Трамп во 1995 година / Фото: John Barrett/PHL/MPI / Capital pictures / Profimedia

Ивана го запознала Трамп во 1976 година на ноќно излегување во Њујорк, а Доналд ѝпонудил да ѝ помогне со нејзиното друштво да добие маса.

„Се обидував да дојдам до масата и стоев така изгубена кога почувствував дека некој ме тапка по рамо. Видов висок русокос со сини очи. „Јас сум Доналд Трамп, гледам дека бараш маса. Ќе ти помогнам“, рекол тогаш Донал, се присети Ивана години подоцна.

Во текот на осумдесеттите и деведесеттите, Доналд и Ивана како дел од јавната сцена во Њујорк привлекувале големо внимание во медиумите и јавноста.

Ивана активно учествувала во неколку деловни потфати на Доналд Трамп. Таа била извршна директорка во „Замокот Трамп“, еден од неговите хотели и казина во Атлантик Сити. Раководела со дизајнот на „Гранд Хајат хотел“ кој своевремено го држеше Доналд и „Трамп тауер“.

Веста за нивниот развод во 1992 година беше централна тема на американскиот печат, а причината за разводот наводно била аферата која Трамп ја имал со неговата идна сопруга Марла Мејплс, со која ја доби ќерката Тифани.

Венчавката на Доналд Трамп и Марла Мајпелс во хотелот „Плаза“, во срцето на Њујорк / 20 декември 1993 / Фото: BOB STRONG / AFP / Profimedia

Ивана го покренала разводот, а многумина ја паметат нејзината реченица „Немој да се лутиш, земи му сѐ“. Доналд ѝ исплати 25 милиони долари.

Постапката за развод на семејството Трамп доби светски публицитет. Тие 11 дена по ред се појавуваа на насловната страница на њујоршките таблоиди. Во изјавата во врска со нивниот развод, Ивана го обвини Доналд Трамп за силување и наведе дека со тупаница и влечел прамен од косата. Меѓутоа, во изјавата објавена од Доналд Трамп и неговите адвокати, таа рече дека го употребила зборот „силување“, но „не сака нејзините зборови да се толкуваат во буквална или криминална смисла“.

И покрај грдиот развод, подоцна останале во пријателски односи.

По разводот, Ивана се сврте кон модата и лансираше сопствен бренд на козметика, облека и накит.

Кога Доналд Трамп беше избран за претседател на САД, таа рече дека може да „направи големи промени“ во САД и изјави дека го советувала во текот на неговата изборна кампања.

„Разговаравме пред и по јавните настапи и тој ме прашуваше што мислам“, истакнала тогаш и додала дека го советувала да биде посталожен.

Ивана и Доналд Трамп
Ивана и Доналд Трамп во 1984 година / Фото: John Barrett/PHL/MPI / Capital pictures / Profimedia

Ивана напишала неколку книги меѓу кои и „Одгледувајќи ги Трамп“ во 2017 година за нивните деца и нивното воспитување со Доналд.

„Колку и да бев зафатена, појадував со моите деца секој ден. Седев со нив на вечера секоја вечер и им помагав околу домашните задачи пред да излезам во фустан на „Версаче“ на некој хуманитарен настан“, го опишала својот живот во своите мемоари..

На промоцијата на книгата таа изјавила дека разговара со својот поранешен сопруг на секои две недели и дека го има неговиот директен број во Белата куќа.

„Не сакав да му се јавувам почесто бидејќи Меланија е таму и не сакам да предизвикувам каква било љубомора или нешто слично затоа што сум првата сопруга на Трамп“, изјавила тогаш таа за медиумите.

иниот втор сопруг Рикардо Мацучели
Ивана Трамп и нејзиниот втор сопруг Рикардо Мацучели на јахтата „Ивана“/ 30 јули 1995 / Фото: ALAIN FULCONIS / AFP / Profimedia

Ивана Трамп продолжи со својот бизнис во претходните години, промовирајќи ја италијанската исхрана во 2018 година. Таа беше голем хедонист, уживаше во сите благодати на животот. Ивана последните години беше во брак со Рикардо Мацучели.

Нејзиното богатство се проценува на 70 милиони долари.

Почина Ивана Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп

Почина Росано Рубиконди на 49-годишна возраст, познат како четвртиот маж на Ивана Трамп

ПАДНАА БАКНЕЖИ: Урнебесна средба на градоначалникот на Загреб и првата жена на Трамп

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Репрезентативниот голман Илиев го очекува нова пауза од терените

Следно

Приведено уште едно лице кое пукало на плоштадот Скендер бег, МВР поднесе кривична пријава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian