Иванка Трамп скршена поради ненадејната смрт на мајка си: Објави фотографии од детството

1 min read

Почина Ивана Трамп, претприемачка, модна дизајнерка и прва сопруга на Доналд Трамп. Нејзината ќерка Иванка Трамп ѝ посвети емотивна објава на Инстаграм.

„Срцето ми е скршено поради смртта на мојата мајка. Мама беше брилијантна, шармантна, страсна и опасно духовита. Во сè што правеше покажа сила, упорност и решителност. Го живееше животот со полно срце и никогаш не пропушташе прилика да се смее и да танцува “, напиша Иванка.

Таа објави семејни фотографии со нејзината мајка.

„Засекогаш ќе ми недостига и засекогаш ќе го чувам споменот на неа во моето срце“, додаде Иванка.

Ивана и Иванка Трамп
Ивана и Иванка Трамп во 1999 година / Фото: Richard Gillard / Camerapress / Profimedia

Ивана Трамп беше во брак со поранешниот американски претседател од 1977 до 1992 година. Заедно имаа три деца – Доналд помладиот, Иванка и Ерик.

„Децата и јас заедно славевме, патувавме и тагувавме. Нашата врска беше и е нашата највредна сопственост“, напиша еднаш Ивана во своите мемоари „Одгледувајќи ги Трамп“.

Фото: Профимедиа
Доналд, Ивана и Иванка Трамп во 1998 година / Фото: WALTER / Bestimage / Profimedia

ПАДНАА БАКНЕЖИ: Урнебесна средба на градоначалникот на Загреб и првата жена на Трамп

Почина Ивана Трамп, поранешната сопруга на Доналд Трамп

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трагедија: Почина познат руски фудбалер на 29 години

Следно

Владата ги осуди нападите и навредите на опозицијата кон високи претставници на ЕУ во Собранието

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian