Грција со два авиона ѝ помага на Франција во гаснењето на шумските пожари

1 min read

Два авиона од типот Канадер испрати Грција во Франција за да помогнат во гаснењето на големите шумски пожари во југозападниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција соопштија дека земјата веднаш одговорила на барањето за помош на француските власти, испратено преку Европскиот механизам за цивилна заштита и rescEU и по наредба на надлежниот министер Христос Стилианидис, „Грција на механизмот му стави на располагање два авиони Canadair CL-415, кои веќе заминаа за Франција“.

Тие додаваат дека ова е првпат Франција да го активира rescEU и да побара помош за справување со шумските пожари, а „Грција засега е првата и единствена земја која одговори на барањето, поддржувајќи ја во пракса и со сите свои расположливи сили, европската солидарност“. (МИА)

kurir.mk

Претходно

ОЈО Велес покрена истрага за човекот кој при тепача му нанесе тешка телесна повреда на друго лице и предизвика смрт

Следно

Бајрам Бегај на 24 јули и официјално станува претседател на Албанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian