ГОТОВО: Баерн ја прифати конечната понуда на Барса за Левандовски

2 mins read

Роберт Левандовски (33) се очекува да го потпише договорот со каталонскиот гигант овој викенд, пренесува Фабрицио Романо.

Новинарот на својот Твитер профил објави дека полскиот напаѓач се договорил со Барселона уште во февруари годинава, а Баерн Минхен би требало да добие 50 милиони евра плус бонуси.

Левандовски не сакал да води преговори за трансер во Челси или ПСЖ и покрај многуте пристапи, туку желбата беше само Барселона.

– Роберт Левандовски во Барселона. Баерн штотуку ѝ соопшти на Барса дека ја прифаќа конечната понуда. Конечно постигнат договор меѓу сите страни. Левандовски побара од Баерн да си замине во петок, тој ќе биде во Барселона за време на викендот – објави Романо.

Со Баерн ги имаше најголемите успеси во кариерата, осумпати ја освои Бундеслигата, а во 2020 година се закити и со трофејот во Лигата на шампионите. Лани во најсилното германско првенство запиша 35 голови од 34 настапи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонскиот „дијамант“ Елмас за 35 милиони евра би можел да го напушти Наполи?!

Следно

Дневен хороскоп за 16 јули: Овој ден искористете го за одмор и релаксација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian