ФОТО | Хит фотографија: Мик Џегер пие пиво на киоск во Виена, зад него натпис „Босна“

2 mins read

Легендарниот бенд „Ролинг стоунс“ ја продолжија турнејата наречена „Шеесет“ како прослава на нивниот 60-годишен јубилеј, низ Европа и Велика Британија, откако нивниот фронтмен Мик Џегер неодамна беше позитивен на коронавирусот.

„Ролинг стоунс“ минатата недела одложија две свирки во Амстердам, Холандија и Берн, Швајцарија поради лошата здравствена состојба на нивниот фронтмен. Датумот во Амстердам беше поместен за следниот месец, а концертот во Швајцарија оттогаш е откажан.

Турнејата продолжи со настапи во Милано (20 јуни), а во моментот се наоѓаат во Виена, Австрија, каде што вечерва ќе одржат концерт на стадионот „Ернст Хапел“.

По тој повод Мик Џегер сподели фотографии од Виена, а вниманието на публиката го привлече фотографијата пред киоскот „Босна“, кој е познат по добрите ќебапи.

Мик на својот твитер-профил, во описот на фотографиите, само накратко напиша: „Виена ноќе. Се гледаме на настапот“.

Додека Џегер пиел пиво потпрен на штандот, двајцата мажи до него лежерно разговарале како да не ни знаат кој стои до нив.

„Замислете дека чекате колбас, а Мик Џегер пие пиво до вас“, „Овие двајца момци ќе имаат спомен цел живот кога ќе сфатат кој стои до нив“, напишале воодушевените твитерџии.

Да потсетиме, првиот настап одржан во Британија, во рамките на турнејата по повод 60-годишнината, беше посветен на починатиот тапанар Чарли Вотс.

„Стоунси“ откажаа концерт: Мик Џегер позитивен на ковид-19

ФОТО | Рокерот Мик Џегер со 44 години помладата сопруга и синот, „кулира“ на плажа во Мајами

Легендарниот хит на Ролингстоунс – „Satisfaction“ бил снимен за еден ден!

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Марез останува верен на Манчестер сити до 2025 година

Следно

Таравари: АА ќе го услови гласањето за уставните измени со бришење на дефиницијата „20%“ за Албанците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian