ЕП: Словенија во четвртфиналето беше пресилна за македонските кошаркарки

2 mins read

Словенија денеска во четвртфиналната фаза на Европското првенство „Дивизија Б“ за кошаркарки под 20 години триумфираше со 63:36 против Македонија. Нашата селекција после овој пораз ќе продолжи да игра за пласман од петтото до осмото место на шампионатот.

Противникот брз почна да ја оправдува улогата на фаворит. Откако намаливме на (4:5), започна серијата на ривалите од 12:0 со која го затворија првиот период со веќе двоцифрени 17:4. Долго време бевме без поени, пред да реализира Николиќ за 6:19 во 13 минута од натпреварот. Цврстата одбрана на Словенија не ни даваше многу прилики за реализација.

На половина од втората четвртина Словенија имаше двојно поголеми 24:12. Слично беше и на полувремето, „сиромашно“ со поени (28:15). Добра вест беше што бевме егал во тој дел од играта (11:11). Но, повторно имавме голем број на загубени топки, вкупно 12, ниту една погодена тројка од 10 обиди, како и 10 скока помалку во однос на противникот (25-35).

Понатамошниот тек на настаните во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ не ни одеше во прилог. Словенија го засили темпото, за разлика од првите две четвртини, во третата одигра многу поефикасно во нападот. За кратко време стигнаа до убедливи и недостижни 45:19 како што беше резултатот на средината од третиот период. Единствено двоцифрена во нашата селекција беше Николиќ со 10 поени (седум скокови), а на спротивната страна по 12 коша имаа Срот (11 скокови) и Цех.

В сабота (16 јули) во најраниот термин, од 14.15 часот, следува дуел за пласман од 5-8 место на евро-шампионатот во Скопје. За противник ја имаме селекцијата на Германија, која нешто порано, во изедначен меч загуби од Турција (62:68).

Во полуфиналето се пласираше и репрезентацијата на Израел, која во возбудлива завршница ја елиминираше Грција откако славеше победа со 65:57. Нешто подоцна, од 21.00 часот за последното место во првата „четворка“ ќе се борат селекциите на Црна Гора и Норвешка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Таравари: АА ќе го услови гласањето за уставните измени со бришење на дефиницијата „20%“ за Албанците

Следно

Северина објави медицински наод и ја нападна директорката на училиштето: Ми го киднапираа детето

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian