Давор Панчевски ни подготви вкусни, егзотични, а здрави крекери: Готови за помалку од половина час

1 min read

Вистинско уживање е кога млад човек сака да покаже што умее, што може и што сè знае да создаде. Но, уште поголемо уживање е кога несебично сака да ги сподели своите вештини. Таква е приказната на младиот готвач Давор Панчевски кој реши повторно да сподели со нас некоја вкусна тајна од неговата кујна.

Вашиот нов омилен рецепт од Давор Панчевски: Сочни печива со виршла

Давор денес споделува рецепт за вкусни, егзотични и здрави крекери кои се подготвуваат за само 25 минути.

„Може да ги комбинирате со грчки јогурт или да ги ставите во Вашата омилена летна салата. Испробајте ги уште денеска, сигурен сум дека ќе ви се допаднат“, вели Давор.

Потребни состојки:

-200г ленено семе
-50 г чиа семе
-150 г семки од сончоглед
-100 г сусам
-1 пакетче прашок за печиво
-1 чаша (од 200мл) масло за јадење
-1 чаша (од 200 мл) пиво
-3 чаши (од 200 мл) интегрално брашно
-сол и мелен црн пипер по вкус
-суво оригано по вкус
-лук во прав по вкус

Давор Панчевски
Давор Панчевски / Фото: Приватна архива

Подготовка:

Во длабок сад ставете ги сите состојки и промешајте додека не добиете тесто. Расукајте го тестото на работна површина и со помош на чаша пресечете форми. Печете ги во тавче обложено со хартија за печење на 180 степени околу 15-20 минути.

Добар апетит и забавно готвење!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Беше еден од најдобрите играчи во светот, а сега ќе настапува во Серија Б

Следно

Проф. Дујовски: Политичките лидери мора да најдат начини како државата да стане членка на ЕУ со сите предизвици на тој пат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian