Чачиќ: Шкупи ќе биде тежок противник за Динамо Загреб

2 mins read

Динамо Загреб е противникот на Шкупи во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. „Модрите“ ја имаат фаворитската улога, но чаирчани ќе го дадат максимумот да направат изненадување и го продолжат европското лето.

Потсетување дека доколку македонскиот првак успеа да го елиминира и хрватскиот гигант, тогаш играчите на Гоце Седлоски покрај трето квалификациско коло во ЛШ, би имале и сигурен плеј-оф во Лига Европа, и групна фаза во Лигата на конференции.

Тренерот на Динамо, Анте Чачиќ моментно не размислува на Шкупи, односно повеќе ќе зборува после завршувањето на првиот меч од новата сезона во хрватскиот шампионат против Локомотива кој се игра денеска од 20.00 часот.

– Не размислувам на Шкупи, реков дека ќе биде тежок противник доколку го помине првото квалификациско коло – вели Чачиќ.

Чачиќ пред завршувањето на двомечот Шкупи – Линколн Ред Импс (3:2) кажа дека ниту еден противник не е лесен, дека теренот би бил „жежок“ за Динамо.

– Шкупи е предводен од Гоце Седлоски, поранешен фудбалер на Динамо, но и екс тренер на Б тимот. Седлоски нè познава, ќе направи сè за да ни отежне што е можно повеќе – се зборовите на Чачиќ.

Првиот меч меѓу Динамо и Шкупи ќе се игра во вторник (19 јули) на стадионот „Максимир“ од 21.00 часот. Главен судија ќе биде Романецот Раду Маријан Петреску. Реваншот е седум дена подоцна на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје исто така од 21.00 часот.

Рингов: Шкупи нема никаков квалитет, подобар за неколку класи е Динамо Загреб

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разбиена криминална група поврзана со продажба на крофни на плажи на Халкидики

Следно

Софи Тарнер и Џо Џонас станаа родители по вторпат: Sвездата на „Игра на Тронови“ и музичарот добија ќерка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian