Беше еден од најдобрите играчи во светот, а сега ќе настапува во Серија Б

1 min read

Сеск Фабрегас е еден од најпознатите „производи“ од фудбалската школа на Барселона, „Ла Масија“, своевремено беше добитник на наградата за најдобар млад играч, а полека се ближи и крајот на неговата професионална кариера.

Во пад е неговата игра веќе четири-пет сезони, па по заминувањето од Челси во 2019 година, реши пред сè да ужива во животот.

Фабрегас следната година ќе ја помине во еден од најубавите градови во светот, во близина на езерото Комо.

Приоритет е уживањето, помалку фудбалот, но тој сигурно ќе биде еден од лидерите во овој тим кој ќе се обиде следната година да влезе во Серија А. Минатата сезона завршија на 13 место во Серија Б и не може да се каже дека имаат особено познати играчи од кои најпознат е Алберто Цери, поранешен потенцијал на Јувентус.

Фабрегас Арсенал беше финалист во ЛШ и го освои ФА купот, со Барса се закити со трофејот во „Ла Лига“, УЕФА Суперкупот, Светското клупско првенство, Копа дел Реј, а со Челси двапати ја покори Премиерл лигата, а пред три години ја освои Лига Европа. За шпанската репрезентација одигра 110 натпревари со која беше светски и европски првак.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шумски пожар во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, превентивно евакуирана населба

Следно

Давор Панчевски ни подготви вкусни, егзотични, а здрави крекери: Готови за помалку од половина час

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian