Американецот Еван Максвел е нов играч на МЗТ Скопје

1 min read

Еван Максвел (27 год, 208 см.) е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром во пресрет на новата сезона, откако денеска потпиша едногодишен договор со македонскиот шампион.

Станува збор за американски центар, зад кого се три сезони во европската кошарка во кои остварува двоцифрен поентерски учинок. Одлично се снаоѓа во играта „два на два“, не му е проблем да погоди тројка, а кога е во рекетот акциите речиси редовно ги завршува со забивање.

Максвел минатата сезона ја мина во украинскиот тим Запорожје, каде што на 24 средби просечно реализираше 11 поени со 6,7 скока, додека претходно настапуваше за британскиот прволигаш Њукасл Иглс и за словачкиот тим БК Списка со просечна реализација на 13 поени со 6,4 скока односно 15,6 скока со 7,5 скока.

Скаутите кои го следат очекуваат да биде едно од најпријатните изненадувања сезонава, не само на домашна сцена туку и во АБА-лигата, каде што „штрковите“ се вратија по четиригодишен престој во вториот по квалитет ранг.

Во МЗТ ќе настапува заедно со сонародниците Мајк Кафи и Бре Ајви, како и со српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Од македонските кошаркари, договорни обврски клубот има со Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, и тројцата младинци Димитар Иванов, Марко Спасовски и Бојан Величковски.

Центарската линија на МЗТ Скопје посилна за Србинот Миќовиќ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајрам Бегај на 24 јули и официјално станува претседател на Албанија

Следно

Поранешна манекенка, а денес домаќинка која ги напуштила студиите поради фудбалерот: Која е Антонела Рокузо, љубовта на Меси?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian